здив и голотија
секоја година што ја поминав
не знаејќи за твоето постоење
ја бројам за промашена,
за изгубена
секоја година секој момент
копнеев за личност како тебе
не можев на цртеж
да го доцртам твоето лице
но ти ми беше крајната цел
секој момент секој здив
што ги врвиме одделени
ги рачунам за пропуштени
некаде без дестинација
без информации
по карго пуштени
ела ми да се видиме
доста ми е од самотија
ела ми да се видме
ела ми да споделиме голотија
Иван е редовен β-колумнист и студент по компјутерски науки на ФИНКИ при УКИМ во Скопје.
Негови интереси, меѓудругото, се политиката, технологијата, философијата, литературата и спортот, па оттука и во неговите колумни се занимава со овие теми. Завршува средно образование во неговиот роден град, Битола, во „горната“ т.е. СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола.
Comentarios