top of page
  • Writer's pictureКултура β

β-муабет со Basement Cult

Имам можност подобро да ве запонаам со Basement Cult. Бендот кој успева да се издигне од пробувалната на Карев до средношколкси/младински култен бенд.

Секогаш ќе го памтиме моментот кога на една средношколска свирка покрај технички проблем, цела публика ги подржа пеејќи ја нината песна „Комбајн“.

„Бендот се основа во 2018 година. Најпрво започна како школски бенд и по завршување на средното училиште, бендот продолжи да опстојува како самостоен.“ кажуваат Basement Cult за себе.


Кога ги прашав од каде црпат инспирација и како изгледа нивниот процес до правење песни, тие ни одговорија: „Конкретна инспирација немаме иако имаме влијание од различни бендови и автори кои што можете да ги приметите во нашата музика. Песните доаѓаат сами по себе.“

На 7ми Јули оваа година, бендот го ивади својот прв албум кој се состои од 8

песни, под насловот „Basement cult 1“. За албумот споделија со нас дека бил направен чисто од нивен интерес и дека само им било важно да творат.


Досега најчесто Basement Cult ги гледавме на средношколски свирки, каде се разбира доминираа со енергијата која ја имаат. Ги прашавме зошто баш ваквите средношколски свирки се важни да се прават.


„Средношколските свирки се важни најпрво бидејќи се загарнтирана промоција за млади бендови. Освен тоа, нуди охрабрување и припрема за понатамошни поголеми свирки. И се разбира нуди добра журка.“


Споделија со нас и дека немаат една конкретна визија за бендот што би можеле да ја издвојат, за иднината ни кажаа „би сакале да се развиваме како музичари и автори, да си ја промовираме музиката, да правиме добри журки и да се дружиме“.


За жал поради временските услови не успеавме да ги слушнеме Basement cult на Кикфлип фестивал, но ќе имаме шанса да ги слушнеме на Аларм Фест во Охрид, на бината на Биљанини извори.


243 views
bottom of page