top of page
  • Writer's pictureКултура β

β-Муабет со Николина Огненовска

Вториот β-муабет го имаме со ликот кои стои позади инстаграм профилот @nixizartspace, уметницата Николина Огненовска.


Николина Огненовска
Николина Огненовска

,,Здраво. Јас сум Николина - човекот кој стои зад @nixizartspace. Сè уште не можам да се наречам себе ,,уметник“. Ама барем го чувствувам сето тоа што го цртам. Сè што работам, секојдневно го постирам на тој профил. Благодарение на уметноста, денес сум она што отсекогаш сум сакал да бидам. Единствен начин на кој би можела најдобро да се искажам е преку цртеж.“ - ни се претстави Николина.


β: Најголема инспирација?

Николина: Инспирацијата доаѓа сосема случано. Таа може да ,,надојде“ од слушање музика, гледање филм, од луѓето со кои секојдневно комуницираш, од непосетени градови, места, од книги итн. Ако седнеш пред празен лист и зјапаш во него, мислејќи на тоа што да црташ или твориш, без разлика од која област - ќе ти прокрвари челото.

Дело на Николина
Им благодарам на сите луѓе што до сега ги имам нацртано, ги сакам и почитува сите до еден, им се поклонува до земја, бидејќи без нив @nixizartspace немаше да биде она што е денес.

β: Доколку твоето уметничко творештво би било книга, кој наслов би му го дала?

Николина: Цртежи што настанале од радост или тага, од различните случувања што ме опкружуваат, инспирирана од сите луѓе кои ги познавам.

Дело на Николина

Бегање од реалноста и посегнување по невозможното.


Свет во кој владеат мечти, соништа, јадови и копнежи.


β: Како ја замислуваш твојата совршена изложба и дали и колку изложби имаш одржано до сега?

Николина: До сега, имам направено само една самостојна изложба. Тоа се случи пред година-дена во просториите на ,,Орце Николов“. Преубав мал настан, опкружен со луѓето кои премногу ми значат. Ете тоа е совршена изложба за мене.


β: Имаш ли план понатаму професионално да се занимаваш со цртање или ова е само твое хоби?

Николина: А за понатаму, ќе видиме како ќе нѝ наредат времето и можностите, главно, и немам зацртано некој план пред себе. Само знам дека цртањето е она со кое ќе се занимавам цел живот.


β: Дали покрај цртање се занимаваш и со друг вид уметност?

Николина: Покрај цртањето, се занимавам со фотографија и со глума. Всушност, со нештата во кои можам да се пронајдам себеси.

Дело на Николина

β: Кој ти е омилен уметник и кој уметник би сакала да нацрта портрет од тебе?

Николина: Омилен уметник ми е Винсент Ван Гог. Од него главно се инспирирам да цртам. Но, во овој случај ако морам да изберам еден уметник кој ќе наслика портрет од мене - тоа би бил Михаил Корубин.

Мислам дека не е важно од кого и од што црпиш инспирација. Важно е само во кој правец ја носиш таа инспирација. Со љубов, Николина Огненовска - додаде таа.


181 views
bottom of page