top of page
  • Writer's pictureВасил Ханџиски

Еко – фактопедија бр. 20 - Париски договор

Парискиот договор поставува глобална рамка за да се избегнат климатските промени со ограничување на глобалното затоплување под 2 °C (со поголеми напори да не се надмине границата од 1,5°C). Исто така, има цел да ја зајакне способноста на земјите да се справат со климатските промени и да ги поддржи нивните напори. 


Парискиот договор е првиот универзален, правно обврзувачки глобален договор за климатски промени, усвоен на климатската конференција во Париз (COP21) во декември 2015 година.


Спроведувањето на Парискиот договор бара економска и социјална трансформација, заснована на најдобрата достапна наука. Парискиот договор работи на 5-годишен циклус на сè поамбициозни мерки за справување со климатските промени што ги спроведуваат земјите. До 2020 година, земјите ги поднессоа своите акциски планови познати како национални придонеси  кон климатските промени (NDCs).

43 views
bottom of page