top of page
  • Writer's pictureВасил Ханџиски

Еко – фактопедија бр.12 - Вегетаријанство

Вегетаријанство претставува начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо Тоа е практика со која се воздржуваме од конзумирање на црвено месо, живина, морска храна и каков било друг вид на месо. Вегетаријанството може да се прифати поради различни причини.


Некои прифаќаат вегетаријански начин на живот од етички причини. Многу вегетаријанци, избегнуваат месо бидејќи не сакаат животните да бидат убиени или повредени. Овие лица, исто така, може да се спротивстават на третманот на животните кои се одгледуваат на индустриски фарми.


Заштита на животната средина е дополнителна грижа за некои вегетаријанци. Религиозните верувања, исто така, може да бидат причина за некој да се одлучи за вегетаријанство. На пример, следбениците на некои религии практикуваат ненасилство (исто така наречено ахимса, што значи „не прави штета“) и не јадат месо или одреден зеленчук, како кромид, компири и лук.

41 views
bottom of page