top of page
  • Writer's pictureВасил Ханџиски

Еко – фактопедија бр. 19 - Геоинженеринг

Геоинженеринг претставува интервенција во природните системи на Земјата, со цел спротивставување на климатските промени. Постојат различни техники за геоинженерство. Општо земено, тие можат да се групираат во две категории:

· Управување со сончевото зрачење или соларен геоинженеринг и

· Отстранување на стакленички гасови или јаглероден геоинженеринг.

Геоинженирството почнало да се развива во средината на 20 век. Потпирајќи се на технологиите развиени за време на Втората светска војна, биле дизајнирани геоинженерски предлози кои би влијаеле врз временските услови со цел да се добијат поповолни климатски услови на регионално ниво.

44 views
bottom of page