top of page
  • Writer's pictureКултура β

За една љубов и гордост - Драгица Тасева

Изгорени души, пепел сторени.

Запалени фотографии.

Спомени, за деновите стари.

Болни сеќавања.

Среќа и тага измешани.

Две срца, две птици.

Едни очи, еден поглед.

Една младост исполнета со многу љубов и уште повеќе гордост.

И да, беа премногу млади.

Премногу млади за да знаат гордоста да ја прегазат.

Премногу млади за да можат за љубовта да си кажат.

Денес копнежите се поголеми од сѐ друго.

Денес далечината е подалечна од сѐ друго.

Кога гордоста ќе ги земе годините, доцна е за љубовта.

Но, тие се насмеани, добро се кријат зад маските.

Ја научија својата лекција, на проклет начин, бидејќи дозволија гордоста да пресуди.

 

Драгица Тасева е првата авторка која зема учество во нашата иницијатива „Две недели Култура β ја исполнуваме со поезија!“. Таа има 14 години и за себе вели: „Пишувањето е најдобриот лек за душата, а секој напишан ред го чувствувам длабоко. Како што верувам во слободата на пеперутките, така верувам и во слободата на моите мисли. Живеам за да бидам успешна, за да бидам на врвот, да не го сонувам животот, туку да го живеам сонот. Живеам за да бидам среќна и напишам своја приказна.“

17 views
bottom of page