top of page
  • Writer's pictureЛеонид Велковски

Како живееме и до кога ќе жалиме?

Дали ние, како народ или конкретно, како младина, живееме достоинствен живот? Дали ние во оваа држава која треба да не заштити и овозможи нормален живот, ги уживаме благодетите која треба таа да ни ги овозможи?

Ова ќе биде критика на системот, но никако на власта или пак некој политичар. Оваа моја критика, мислење произлегува од фактот што буквално се подразмислив и помислив на тоа како живеат врсниците надвор од тука.

Секако дека од една страна, некаде јужно од нас, на другиот континент, условите за живот и не се најдобри. Нели, не ги задоволуваат стандардите за живот на западното капиталистичко општество. Но, без разлика во каков систем живеат тие луѓе, основните животни потреби сепак не се задоволени.

Од друга страна, таму западно од нас, на нашиот континент, се слуша за просперитет, живот исполнет со материјални добра, пари, уживање. Тоа е сосем во ред, но ете ние љубоморни, постојано коментираме како кај нас е лошо, нема живот, треба да одиме на поубаво место од тука.

Веројатно тие фрази за бегање од оваа држава, се толку вкоренети, што тие веќе станаа еден вид народно усно пренесено богатсво. Дали навистина ние живемее толку лошо или сè е до нашата општа лоша перцепција?

Дека живееме екстремно сиромашно, сигурно не. Но, дека живееме проспeритетно и тоа не би го рекол. Сепак како држава имаме висока стапка на сиромаштија и луѓе кои се на работ на сиромаштија. Имаме длабоко поделено класно општество, кое од едната страна има многу богати луѓе, а од друга страна има многу сиромашни луѓе. Во таа поделба најмногу фали средната класа. Постои, но е многу тенка и се прелива од сиромаштво во богатсво.

Сметам дека средната класа би ги задоволила потребита на луѓето и ако се има здрава средна класа, тогаш работите би оделе на подобро. Но, здравата средна класа ќе се добие со здрав систем.

Нашата држава, овие 30 години, односно од своето осамостојување, не успеала да создаде здрав државен систем, во кој ќе функционираат правилно институциите, во кои ќе се внимава на сите аспекти од модерниот живот и потребите на граѓаните. Нашата држава не успева да обезбеди достоинствен живот за сите. Не успева да се задоволат сите човекови права и потреби , не успева да задоволи многу или тоа го прави премалку.

Може да кривиме еден или друг или да кажуваме теории како по распадот на Југославија, паритиите во тогошната новососздадена држава, ја уништиле уште од почетокот, но мораме да признаеме дека сите донекаде сме винови за ситуацијата во која што се наоѓаме. Виновни се нашите предци, виновни сме и ние што долго време не правиме правилни избори, не сме со мислата дека и тука може да биде подобро и тука може нешто да се промени.

Но, ја разбирам измореноста, го разбирам она пуфкање и негирање со главата. Тоа што останува и што е вистина е дека се чека на идните генерации да направат и превземат нешто. Се согласувам и мислам дека може да биде подобро, но сметам дека и никој не одбира тука да биде роден, никој не одбира и не заслужува да се роди во тоа што ќе го начека на овој свет.

Затоа нашите потомци, ако се родат на ова парче земја, заслужуваат подобар живот од тоа што ние го живееме сега, заслужуваат многу повеќе. Не треба да бидеме себични и да речеме: ,,Како можев да живеам јас, така ќе живееш и ти”, туку да се обидеме да направиме поубав свет за нашите потомци, затоа и што онака животот носи многу предизвици, па подобро да ги дочекаме во некој подобар систем, во некое подобро општество.

Можеби сега ние не живееме така како што сакаме, гледаме и замислуваме, можеби нашите родители не ни го овозможиле тоа, но можеме ние да се потрудиме и да ги оствариме целите кои што ги имаме.

Сигурно звучам патриотски и некој ќе си помисли, од каде оваа патриотска еуфорија, но не затоа што знам дали ќе останам тука, ќе си отидам или ќе се вратам, туку затоа што жално е кога гледаш како ќе живее некој тука или сега живее, затоа што жално е таму каде што си се родил, да гледаш сè затрулено, оставено, непоправено, секаде дупки, на пат, во системот, во општеството.

Жално е и во каков свет живемее. Жално е на каква планета живееме. Но, не треба да жалиме, туку да се потрудиме да го направиме овој свет, нашиот, на нашите блиски, свет во кој подобро ќе се живее.

184 views
bottom of page