top of page
  • Writer's pictureКултура β

Мртво срце - Катерина Шулевска

Тагата ја притискам во себе,

Легнувам на земјата студена и слушам,

Го слушам ритамот на срцето мртво,

Ги пее сите песни на животот,

Плаче и оплакува...

На никого не кажува за болката своја,

А среќата ти ја дарува како да е твоја.

Не знае повеќе што е свое...

Борба на мое и твое,

Секој судбината си ја крое,

Со пари и моќ ,

Со мака преку ден и ноќ.

Живеам ли или пак војувам?

Зарем среќата треба да си ја освојам,

Од место кај што без дозвола моја постојам.

 

Катерина Шулевска е поетесата со која ја започнуваме втората поетска недела на Култура Бета. Таа е студентка на архитектонскиот факултет, а за себе накратко вели: „Јас сум љубител на секаков вид уметност бидејќи сметам дека уметноста е нешто кое го оживува човекот и во најмрачните денови. Пишувам уште од основно училиште, но секогаш сум ги чувала зборовите за себе. Сега сакам повеќе да се ангажирам за пишувањето како дел од мене и сметам дека е време да ја споделам мојата поезија со светот.“

50 views

Recent Posts

See All

Скопје СИ ТИ: „Го преколнувам мојот град“ од Методија Тасевски

го преколнувам мојот град по Балашевиќ го преколнувам мојот град да не ги руши мостовите и куќите пред нив и тие зад нив; да не ги бетонира парковите, тревите, зелените огради, цвеќињата, листовите, б

bottom of page