top of page

Песни за Газа од Марија Ангеловска

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • 3 days ago
  • 1 min read

Песни за ГАЗА


Велат дека мирот доаѓа однатре

Како да најдам мир во себе

Кога го нема во светот?


Хаику венец за војната 


Смисла има ли

Двојна секоја војна

Слојна е, гнојна!


Купишта цигли.

Низ процепите, крици!

Купишта коски.


Ќерката, во шок: 

Прекрасен е, погледни!

Не, не е мртов!


Ден сто и еден

Ни лек ни леб имаме

Сила Ти дај ни!


Авион се чу

Подадените раце

Што ли ќе примат?



Вести од Газа


Непостоечки медиум 1

Снајперисти целат во колена

таму, велат, е најлесно да се осакати човек

„инвалид, велат, е неспособен да војува, 

Ако зависат од нас, базопасни се за навек.


Непостоечки медиум 2

Мало момче мачка си гали

И вели „Кога ќе умрам, те молам не ме јади“

„Мачки луѓе не јадат“ – роднините го лажат

А гладуваат и мачките, на кого тие да кажат. 


Непостоечки медиум 3

Дождовница се лови по платната на шаторите

Жедта надоаѓа како од небото саѓа

Силен е и гладот како пламенот од огновите

Посилен од градот што врз платната паѓа.


Постоечкиот медиум

„Тие сакаат да нè прикажат во лошо светло,

Ним ништо не им е свето,

Правдата е на наша страна“

– Повторуваа лудаците во една влада.


Comentários


bottom of page