top of page
  • Writer's pictureКултура β

Поезија од Марија Шекеровска

Животно безредие

Крај пламен силен, Жар од желби го облеал стравот, Во едно катче свиени таму, Лежат стуткани три тајни само. Земи го срцево, ти го давам, целосно, Раздели го на две, но бесцелно ќе е, Нефункционално е веќе, Безвредието на индивидуата е тука, Кога последниот крик на срцеето ќе запре, А разумот и свеста ќе проработат тогаш, На правец смел ќе те одведат сега. Срцето го бира она што го сака, Но често со него изгорен ќе си, Мозокот го бира она што треба, Но повторно ти задоволен не си. Животот е книга, Која сами ја пишуваме, А насловот ни на сон, ниту јаве неможиме да го замислиме, Насловот ќе се открие, Кога душата ќе го испушти последниот крик, На надеж, на тага, на болка, На желби длабоко во срцето свиени, На границата помеѓу семоќието и потсвеста, На врвот на комората прикрепени, Во шепотот на тишината прикриени. Ах, слушни ме сега ти, Ти што овие стихови ги читаш, Се согласуваш нели, Со моите неоткриени желби, Кои мојата иднина ја проткајуваат.


Се сеќаваш ли

Се сеќаваш ли, Кога трагавме по виорот на слободата, Ексцентрично заплови, Замина на дното од заливот свој, Секоја смисла да перцепираш, Ја остави,длабоко да тони. Во сплав на сред тивко море, Едреше така кротко, Не сакаше ни миг, Да се препушти, да западне, Во канџите на секаква ограниченост, Не се препушти никогаш. Знаеш ли што навистина остави, Зад себе мечти скриени, Да тонат и прогонуваат, Страсти од желби неоткриени. Се впуштиле во духот на безредие, Каде ли се закопани, Ах ќе ми дојави ли, Мистериозната година на незаборав, Што мечти од раце сироти, Ги одзеде силно,немоќни Ах,врати го времето, Да ги ослободам тие раце немоќни, Па да видат која судба неостварена, Страшно им била одземенa.

 

Марија Шекеровска е новата авторка која се приклучува на нашата стихозбирка. Таа вели дека со пишување почнува да се занимава уште од 10 години, а за пишувањето дека ѝ го исполнува срцето.


„Ден без да напишам неколку стиха, за мене е празен и неисполнет. Со пишувањето се препуштам на имагинацијата и пловам низ призмата на моќта. Сега сум трета година, а имам напишано многу. Сигурна сум дека ќе напишам уште многу дела и ќе успеам со нив.“ додава Марија.

20 views
bottom of page