top of page
  • Writer's pictureКултура β

Прв дел од Вториот циклус поезија на Андреј М. Петровски

Како дел од нашата β-стихозбирка објавуваме втор циклус поезија од авторот Андреј М. Петровски кои вели дека уште од мала возраст се занимава со пишување поезија, а поинтензивно последниве 2 години. „ Мојата инспирација за пишување доаѓа од љубовта. Љубовта кон пријателството, природата,љубовта кон животот и татковината. Сакам да пишувам за сите типови на љубов, бидејќи не мора да сакаш некој/а за да има љубов! Особено ми причинува задоволство да пишувам за љубовта кон една личност, која е прекрасна. Иако меѓу нас има огромна празнина, сепак верувам дека еден ден судбината ќе си го одигра својот дел во нашата приказна...“ додава тој.


Во продолжение прочитајте го првиот дел од циклусот на негова поезија:


Вечер


Тишина,

Небо,

И месечина.

Луѓе уморни,

Луѓе заспани.

Тишина,

Небо,

И месечина,

Никаде жива душа,

Само светла улични.

Глува тишина,

Темно небо,

И бела месечина.


Во нејзините очи


Јас,

Во нејзините очи,

Гледам цел свет,

Цел живот.

Јас,

Во нејзините очи,

Гледам искри,

Прекриени во небесно синило.

Јас,

Во нејзините очи,

Гледам љубов,

Бидејќи ја гледам неа...


Долг


Должам некому извинување,

Должам некому услуга,

Должам некому љубов.

Должник сум кон мајка ми,

Должник кон саканите,

Должник кон опшеството,

Должник сум,

Но ќе се раздолжам.


За другарка ми Симона...


За другарка ми Симона,

Има многу за раскажување,

Но нема зборови да се опише тоа.


За другарка ми Симона,

Другарката со најубавите,

Светло зелени очи,

Како природата в пролет.


За другарка ми Симона,

Другарката со најчистото срце,

Кое реткп кој успева да стигне до него,

А тој што ќе стигне,

лесно го губи.


За другарка ми Симона,

Неа би ја чувал како сестра,

Бидејќи добрите луѓе се ретки!


За другарка ми Симона,

Смеата ни беше јазик на разговорот,

Солзите пак, јазик на тајните.


За другарка ми Симона,

Која заслужува со право,

Да се вика моја другарка.


За другарка ми Симона,

Како неа посакувам,

Сите да беа.


За другарка ми Симона,

За неа сета среќа и радост,

За неа сета љубов и смеа.

За неа сè, на овој свет!


15 views
bottom of page