top of page
  • Writer's pictureКултура β

Прва средба - Марија Велинова


Никогаш не ги сакав боите.

Црната и белата за мене

беа празно платно

за сликање.

Секој сам треба да го

наслика својот иден сопатник,

си мислев.


Барав битие што е сето црно.

Не го пронајдов.

Барав блескаво бело битие.

За влакно го изгубив од

мојот видик.

Паднав, разочарана од

колоритните блудници.


За миг нешто ми затрепери

пред очиве.

Се свртив, видов мала пеперутка.

Те здогледав тебе, пипета

полна шарелно.

Полека слета на врвот од мојот нос,

ме опсипа со светлост, хармонија.

Ми влеа мир во очите.


За првпат ја почуствував топлината во боите, ти ме научи да ги сакам, ти ми ја покажа убавината на животот, на доброто и злото сплотени заедно. Поради тебе го засакав светот, таков каков што е, таков разновиден, таков никаков.

 

Марија Велинова веќе имавме прилика да ја прочитаме како авторка на краткиот расказ ,,Ако мене ме прашуваш", а денес ја објавуваме и нејзината поема ,,Прва средба". Пишува веќе неколку години, а во последно време ни кажа дека се занимава со пишување поезија на македонски и англиски.

20 views

Recent Posts

See All

Скопје СИ ТИ: „Го преколнувам мојот град“ од Методија Тасевски

го преколнувам мојот град по Балашевиќ го преколнувам мојот град да не ги руши мостовите и куќите пред нив и тие зад нив; да не ги бетонира парковите, тревите, зелените огради, цвеќињата, листовите, б

bottom of page