top of page
  • Writer's pictureЛеонид Георгиевски

FACT NO.13 - Рокенрол VS. Конзервативизам

Во 80те години од претходниот век, се случи една од многуте културно-музички револуции. Рок музиката почна да се пробива сѐ повеќе на сцената со нејзината театралност, гротескност и кршење на сексистички стигми со андрогени костими. Секако дека конзервативната идеологија на тогашните постари генерации беше загрозена, така што сѐ повеќе растеше младиот револуционерен рок дух.

Во септември 1985 година, фронтменот на глам рок бендот „Twisted Sister”, Ди Снајдер, беше повикан пред Конгресот на САД да ги оправда обвиненијата за „промовирање на експлицитни сексуални содржини” во песните, текстовите и видеата на бендот. Конгресот го повика Снајдер со цел да ги докажат своите ставови и барања за цензура на музиката, очекувајќи дека интелектуалната инфериорност на рокерот – сметајќи го за таков априори само поради фактот дека е рокер – ќе им олесни при јавното сквернавење на рокенрол револуцијата. Но Снајдер од Конгресот излага како светец и заштитник на рок културата.

Тој ги бранеше своите ставови и дела од неговата кариера од острите напади на Конгресот, така што посочи дека експлицитните сексуални садомазохистички содржини во текстот и видеата кои бендот ги прави, може да ги најде само тој кој што ги конкретно истите ги бара, бидејќи во текстовите на „Twised Sister” нема напишана никава содржина која алудираше кон сценаријата од обвиненијата. Снајдер исто така со докази посочи на јавните лаги кажани од здружението против рок културата, кое додаде полуголи слики од жени на рекламни производи на бендот само за поголем ефект при омаловажувањето на членовите на бендот пред јавноста.

Ова остана како едно од најконтроверзните и најинтересните излагања пред Конгресот на САД до ден денешен, кога често слушаме од генерациите (истите кои го величеа овој потег на јавен бунт) дека денешната младина многу лесно потпаѓа под влијание на околината која промовира револуционерен дух преку театралност, гротескност, андрогени костими и уште цела плејада на контроверзности кои суштински ја делат истата цел како и пред 30-40 години, само денес во едно поинакво руво.


Прифатете ја промената! Дозволете да ви ја покаже нејзината непроменливост…

73 views
bottom of page