Фијаско - Елена Николоска
- Култура β
- Mar 23, 2021
- 1 min read
Полно фијаско
Сметката сама се платила
со јазичното средство
Кое вели:
на иста мамка се фаќаат различни риби.
На иста бранова должина
со твоето фијаско чекам
ослободителна пресуда
колку остроумна пресуда колку половна пресуда.
Страст.
Ја камуфлирам врз себе
важноста на кажаниот збор
расправајќи за пасијата твоја врз
здравиот разум мој!
„Математичар кој љуби да поетува. Го обожавам сонцето и пријателите, го љубам постоењето и Дениција. Уживам во стара, но добра поезија. Го милувам зајдисонцето и сум заљубена во шегата. Добро стојам со зборовите, ама пред да заспијам оти изгледа ми стојат под перница. Пријателите често ме нарекуваат и сензација.“ вели Елена за себе.
Kommentare