Секогаш кога имаме млад и нов автор како Лик на месецот е интересно да се направи ретроспектива на творештвото и настапите бидејќи се прави едно архивирање на тоа тоа творештво од самите почетоци. Како што го најавивме Дамјан Божиновски а.к.а. АудиоЦигла е автор кој го најде своето место во македонската музичка сцена во алтернативната поп или електро поп сцена. Во само година и пол откако АудиоЦигла тој се појави со свој настапи на едни од поголемите и важни музички фестивали во Скопје и во Македонија.
На 27 јануари 2022 во етер се појавува „Електро момак“ со музика и текст на Дамка Циглата во неговиот прв проект АудиоЦигла.
АудиоЦигла настапи на Земјотрес! На 4. февруари во Бифето „Фросина“ АудиоЦигла настапи на сцена заедно со уште неколку други млади бендови и артисти кои со сигурност ја освојуваат новата сцена – Преку ред, Дивоградба, Миа Перевска, Максимус Вандал, Кем, Ред 18, Vagina Corporation и Занаду. Потоа и со настап во Бруталиск. На 1. април на сцената на Младинскиот културен центар, овојпат во Денсинг салата, на настанот Mask ‘N SHAKE повторно АудиоЦигла со свој настап. А потоа на 8. април и како предгрупа на ПМГ Колектив Оркестар.
На 3 јуни оваа година (2023) излегува првиот албум на АудиоЦигла насловен како „Астрал“ – 6 песни продуцирани од авторот во соработка со уште неколку млади артисти кои се, исто така, во последен период актуелни на хип-хоп и алтернативната сцена. „Шум“, „Жолт цвет“, „Електро момак“, „Роматичар“, „Самовила“ и „Астрал“ се песните од албумот!
Последно АудиоЦигла настапи на Д Фестивал – за тоа беше повеќе пишувано и во Огледи и разгледи за Д Фестивал, а беше вклучен и меѓу изборот музика од фестивалот. АудиоЦигла имаше два настапи на годинешното издание на Д Фестивал во Дојран. Првиот настап на Smooth Stage со придружба на бенд, а вториот, вечерен, настап беше на Electronic Beats Stage во негова „постандардна форма“ соло со придружба на DJ. И двата настапи беа солидно посетени со што овој артист дефинитивно се вбројува во новиот бран македонска музика.
Comments