• Иван Николов

Октомври со Corrosion - Ретроспектива

Cream е првата песна на Corrosion која излегува на 15-ти септември 2020 година на Youtube. Taa е дебитен звук кој што понатаму го дефинира нивниот албум Ominous? кој излегува на 9-ти февруари 2021 година и за што го дадоа своето прво интервју на „Култура Бета“. Во истиот се пее на англиски додека пак жанрот е дефиниран според нивниот гранџерски garage rock звук кој го навестува noise звукот кој ќе го развијат со текот на времето.


Следниот период тие свират во мали локали во Битола и во нејзината околина.

На 9-ти декември излегува нивното второ ЕП под насловот Shotgun. Омотот на овој албум е глинена кола која е поставена на светло зелена позадина. Ова не е првпат да се појави глинена фигура и светли бои како симбол на бендот, по кои стануваат препознатливи. Глинената фигура за првпат се појавува во дебито Floral, со човечето Pinhead ставено во фокус. Музиката на овој албум е шарена и дава чувство на боја, но и на заматеност заради пост-ефектите. Самиот почеток (вклучувајки ја и Floral) е тивок и мелодичен, а одeднаш влегува во транзиција каде се слуша какофонијата на звукот. Ваквите мостови им се омилени. Floral е адекватно именувана.


Песната Сатурн започнува со бавни и ладни ветрови, како и планетата.


Инкрементално и срамежливо се открива самата песна пред вашите очи (или уши), која е скриена зад многу добар инструментал.


Заради омекнувањето на мерките, тие започнуваат со свирење на повеќе локали и фестивали низ Македонија за време на 2022-рата година. Ги посетуваат Тетово и Куманово со свирки во локални кафиќи, а во Скопје, Битола, Гевгелија и Дојран се наоѓаат на фестивалската сцена (Земјотрес во Скопје, Пајнца Фест во Битола, Бош во Гевгелија и Д-фест во Дојран). Покрај тоа, тие соработуваат со други бендови на македонската сцена, како и со локални брендови кои ја поддржуваат истата.


Во текот на втората половина на годината, тие го промовираат своето трето издание под името Pinhead, глиненото човече кое стои на омотот на албумот. За повеќе информации за албумот Pinhead ќе читате следната недела.


Доколку сакате да се запознаете со бендот, Ве покануваме на слушачка дружба во „Буква“ каде ќе бидат и самите членови на бендот, на 22-ри октомври, почнувајчи од 20:00 часот.


 

Фотографии преземи од официјалните социјални мрежи на Corrosion.




216 views