Извадок од песната „Босоног човек“ на младиот поет Дамјан Златановски што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.
„Бос е тој и без чевли скита,
Со два чорапа во својата рака.
Некогаш цар, денес без свита.
Задишан е од умор. Задушен од јака.
...
Го колне и моли својот бог,
Еден човек, босног.“
Дамјан Златановски е еден од поетите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.
Во среќната 13-ка, покрај Златановски, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Ива Петреска, Иван Николов, Ивана Јовановска, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.
Повеќе од Дамјан Златановски на следниве линкови:
Comments