top of page
Writer's pictureКултура β

Отскочна даска | Ивана Јовановска

Извадок од песната „Црната боја“ на младата поетеса Ивана Јовановска што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.

„Живееме додека учиме што значи смртта

прашувајќи се во кое стаклено ѕвоно нè чуваа додека мислевме

дека самоубиствата, братоубиствата и измамите се далечни и бледи,

дека има нешто што вреди повеќе

од како си?, јави ми се!, те љубам.“


Ивана Јовановска е една од поетесите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.


Во среќната 13-ка, покрај Јовановска, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Иван Николов, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.


 

Повеќе од Ивана Јовановска на следниов линк:



Comments


bottom of page